Линкови:  [Посети ја веб страната на KeePass]  [KeePass туторијал]  [Македонски превод]


 KeePass Password Safe

KeePass е авторски заштитен (c) 2003/2004 од Dominik Reichl. KeePass е OSI Лиценциран Софтвер со отворен код. OSI Лиценцата е заштитен знак на Open Source Initiative. За повеќе информации погледнете ја Лиценцата.

Индекс:
 Општи Информации за KeePass

KeePass е слободен софтвер со отворен код,доста мала и лесна за користење оваа е меѓу најдобрите програми за заштита на лозинките.

Некои од можностите на KeePass се:
 Инсталација / Деинсталација


Програмата не мора да биде инсталирана. Тимот на KeePass ви обезбеди инсталер кој автоматски креира линкови во старт менито и сл., но исто така можете да го преземете бинарниот .zip пакет,кој ја содржи само извршната програма која работи без ништо да биде инсталирано.

За разлика од многу други програми KeePass не користи функции кои побаруваат најнов оперативен систем Windows,или како некои .NET апликации кои побаруваат .NET framework.

KeePass не складира ништо на вашиот систем.Програмата не креира ниеден нов регистарски клуч или .ini датотеки во вашиот Windows директориум. Бришењето на KeePass директориумот или деинсталирањето не остава никакви траги од KeePass на вашиот систем.


 Компатибилни Оперативни Системи

KeePass работи на сите Windows системи кои се наоѓаат на пазарот:
 Вовед

Денеска секој мора да памети многу лозинки.Ви требаат лозинки за логирање на Windows ,лозинки од Вашите е-Пошти,лозинки за банкарските сметки,безброј лозинки за на интернет итн.Оваа листа е практично бесконечна,и што е најважно мора да користите различни лозинки за секој пристап. Бидејќи во спротивно ако имате само една лозинка,некој може да ви ја открие и тогаш имате проблем... Сериозен проблем.Тој ќе има пристап до вашата е-Пошта,веб страна,банкарска сметка и сл.

Но кој ли може да ги запамети сите тие лозинки? Никој освен KeePass. KeePass е слободен,со отворен код,мал и лесен чувар на Вашите лозинки.

Програмата ги зачувува Вашите лозинки во високо криптирачки бази. Базата претставува само една датотека која може лесно да биде пренесена од еден до друг компјутер.

KeePass поддржува работа со групи на лозинки што овозможува лесно сортирање на лозинките. Можете да ги влечете лозинките низ повеќе прозорци. Базите можат да бидат изнесени во TXT, HTML, XML или CSV датотеки.

Од другите можности овозможено е печатење на списокот со лозинки,копирање на лозинките во Windows клипбоардот или пребарување низ базите со лозинки.

KeePass е преведен на голем број јазици кои можете да ги преземете од веб страната. Исто така вклучен е и генератор на лозинки каде можете да ги одберете и симболите кои сакате да бидат вклучени во лозинката.

И најдоброто од се:KeePass е бесплатен при што имате и целосен пристап до изворниот код!

KeePass е Windows апликација.Програмиран е во Microsoft Visual C++ со MFC класи.Не побарува никакви специјални DLL датотеки.Заради тоа би требало да работи на сите Windows оперативни системи.

KeePass е дистрибуиран под BSD лиценца.Може слободно да го изменувате изворниот код и да правите измени по ваша желба но не смеете да го бришете насловот.Бидејќи е слободен нема никакви гаранции.За повеќе информации погледнете ја лиценцата - "License.html" која се наоѓа вo истата папка со KeePass.


 Главни лозинки и клучни дискови

KeePass безбедно ги чува Вашите лозинки во високо криптирачки бази.Базата е заклучена со главна лозинка или клучен диск.

Доколку користите главна лозинка треба да ја запаметите само таа лозинка.

Ако ја загубите главната лозинка,сите други лозинки во базата ќе бидат загубени исто така. Базите се силно математички криптирани и нема ниедна "порта" или клуч кој ќе може да ги отвора сите бази.Нема никаков начин за повраќање на загубените лозинки.

Меѓутоа Вие не мора да памтите долги,комплицирани главни лозинки. Базата може алтернативно да биде заклучена со клучен диск."Клучен диск" е само обичен диск кој содржи датотека со бајтите на лозинката (KeePass може да генерира дискови за Вас).

Ако го изгубите клучниот диск и немате бекап копија од клучната датотека,Вашите лозинки во базата се изгубени исто така како да сте ја изгубиле главната лозинка.

Значи Вие мора да одлучите дали ќе користите добра главна лозинка или клучен диск.


 Безбедност

Оваа секција е предвидена за објаснување како се криптирани базите.Доколку не сте криптографер или не знаете ништо за безбедноста нема да разберете многу.Во тој случај само верувајте му на авторот дека базите се безбедни.

Сите бази се криптирани.Моментално тие се криптирани користејќи го Напредниот Криптирачки Стандард или во оригинал Advanced Encryption Standard (AES/Rijndael), 128-битен block cipher,користејќи 256-битен клуч. Избран е CBC block cipher начинот.128-битниот инициализациски вектор (IV) е генериран случајно при секое зачувување на базата.

За да генерирате 256-битен клуч за AES безбедносниот "hash" алгоритам SHA-256 (кој припаѓа на SHA-2 фамилијата) е користен.

Секогаш кога го стартувате KeePass,програмата ќе направи брз безбедносен тест каде AES/Rijndael cipher и SHA-256 се тестираат против нивните коректни тест вектори.


 Благодарност

На ова место сакам да им се заблагодарам на неколку луѓе за нивната помош, изворни кодови, класи,сугестии,преводи: (Без редослед)